understanding

Тренинг, обука и консултација за вистинско разбирање на луѓето.

 

 

 

Дали вие:

 

Тогаш ова е за вас.

Човекот не е неговото тело. Комуникацијата е на многу повисоко ниво отколку вербалното или пишуваното ниво. Нашите тренинзи и обуки ве учат да го видите тоа и да го користите за да имате вистинско разбирање.

Ние ви предлагаме:  

Отворен и корпоративен тренинг и обучувачка сесија за тоа како да ги разбирате, комуницирате и со комуникација да ги движите луѓето.

 

Резултат

Лидер, претприемач, менаџер кој знае што е вистинско разбирање и како да ги користи неговите компоненти за разбирање на луѓето и за да биде разбран.
Лидер, претприемач, менаџер кој знае како да гледа низ маските на луѓето и кој може да ги движи луѓето со емоции.

 

Програма

Темите за отворената и корпоративна тренинг сесија кои се вклучени се:

 

Времетраење

Отворениот тренинг одзема 1 ден од 10 до 18 часот.

Корпоративниот тренинг одзема 1 до 3 дена од 10 до 18 часот.

 

Место

Отворениот тренинг се прави во нашите деловни простории.

Корпоративниот тренинг и обучувачката сесија се прават во деловните простории на компанијата.

 

Изјави

„Во текот на овие два дена јас најдов комплетно нови методи и начини за комуникација. Работи на кои не обрнував внимание или со кои не знаев како да се справам. Тренинг рутината ме научи како да ги заприметам малите работи кои ја прават комуникацијата многу полесна. Ви благодарам.“ – Менаџер во ПР агенција

„Јас научив како да гледам во нештата кои изгледаат очигледни и едноставни на прв поглед, но сум ги занемарил.“ – Менаџер за иновација во компанија за производство на пченица и ѓубриво, Белгија

„Дојдов без некакви очекувања, но јас сум импресиониран од обуката на г-нот Марк Де Турк. Се беше пренесено на интересен, жив и релевантен начин. Дефинитивно го предизвика мојот интерес и желба да научам повеќе за емоциите и нивната успешна примена во сите аспекти од животот. Ми беше задоволство да присуствувам на овај семинар и да учам од човек кој ја претворил работата во уметност. Го препорачувам на секој кој сака да научи нешто корисно додека во исто време и се забавува.“ Адвокат од Адвокатска компанија

„Научив неверојатно добри начини како подобро да ги разберам другите учесници во комуникацискиот процес – колеги, пријатели, членови на фамилија. Вежбите кои ги правевме за време на првиот ден ќе ми бидат од корист во наредни проблематични ситуации во комуникацијата, кога е потребно да се остане смирен и да се справат емоциите.“ – Сметководител во инвестициска група.

 

Контактирајте не

    Your name(required)

    Your Email(required)

    Your message

    I give my consent to the administrator to keep and use my personal data