Имате чувство дека некои луѓе околу вас ви ја црпат енергијата?
Имате премногу внимание на негативни мислења наместо на факти и позитивни соништа?
Тогаш ова е за вас:
Ние ви предлагаме:
Отворен и корпоративен тренинг и обучувачка сесија за тоа како да ги повикате луѓето сами да се мотивираат.
Резултат
Лидер, претприемач, менаџер или ЧР (човечки ресурси) кој знае како да ги повика луѓето сами да се мотивираат и да го примени тоа што го знае.
Повеќе само-мотивиран тим.
Лидер кој може да работи со зголемен капацитет за сонување на иднината.
Програма
Темите во отворената и корпоративна тренинг сесија се:
Разликите меѓу факти и мислења.
Што ги движи луѓето.
Трите елементи кои ги движат луѓето: цели, слобода и бариери.
Идеални сцени и сегашни сцени.
Како да ги само-мотивирате луѓето со динамични резултати.
Движење на луѓето со емоции.
Како да не ве повлечат надолу емоциите на другите луѓе.
Времетраење
Отворениот тренинг одзема 1 ден од 10 до 18 часот.
Корпоративниот тренинг одзема 1 до 2 дена од 10 до 18 часот.
Место
Отворениот тренинг се прави во нашите деловни простории.
Корпоративниот тренинг и обучувачката сесија се прават во деловните простории на вашата компанија.
Изјави
„Од семинарот јас научив техники за комуникација со различни видови луѓе, кои ќе ги користам додека комуницирам со клиенти на компанијата за која работам. Јас исто така научив дека има различни оддели и дека секој човек има одговорност за развојот (или пропаѓањето) на компанијата и може да придонесе многу за развитокот. Важно е секој човек да разбере каква одговорност тој/таа носи и да направи напор за понатамошна помош во остварување раст и просперитет за компанијата во која тој/таа работи.“ – Оперативен сметководител
„Ја научив важноста за креирање на игри и предавање на задачи. Се сеќавам на важноста да се има идеална сцена.“ – Корпоративен менаџер за клиенти, Компанија за објавување и печатење „Одличен и импресивен предавач, кој може да ја држи публиката константно во силен интерес. Резултат од семинарот е дека повеќето од тимот разбраа како да реагираат во различни ситуации.“ Кашиер во ИТ сервис и трговска компанија
„Тимот беше одличен. Тие работат многу добро заедно, во добра синхронизација. Начинот на кој информациите без презентирани беше одличен, убедлив и не ни дозволуваше да спиеме без разлика на тешката ноќ претходно. Јас сум многу среќен што учествував на тренингот.“ – Супервизор за вино и компанија за производство на алкохол
„Информациите без многу добро презентирани. Едноставни и крајно јаки пораки кои применети можат да бидат многу корисни.“ – Менаџер за планирање и контролирање во компанија за брз промет на стока
„Семинарот беше пренесен на уникатен начин! Јас не бев деконцентриран ни на момент и научив многу нови факти кои ќе ми помогнат да се унапредам како менаџер и да бидам многу успешен“ – Менаџер во продавница во ланец за малопродажба