Тренинг, обуки и советување за ослободување на основачи и лидери со цел да бидам способни за играње поголеми игри.
Дали вие:
Сте преуморни?
Се чувствувате како пожарникар во вашата организација?
Веќе не спиете?
Сте лесно иритирани од вашите вработени?
Сте надвор од контрола на вашата организација?
Тогаш ова е за вас.
Отворен тренинг следен со индивидуална консултација да се ослободите себеси од вашата организација и да бидете способни вие да ја контролирате вашата организација од далечина.
Резултат
Претприемач или лидер кој е навистина ослободен од неговата организација и кој може да прави мониторинг од далеку.
Програма
Тренингот се прави во отворена форма или корпоративна форма.
Теми кои се покриени:
Што е тим, каде може да тргне погрешно, како да организирате ефективно, како да поставите стандарди, како да искомуницирате стандарди, како да искреирате само-мотивација, како да правите мониторинг на вашата организација од далеку, како да вработите изведувачи кои ќе ви помогнат да се ослободите себеси и многу повеќе.
Консалтинг/тренинг сесијата ќе им помогне на претприемачите или лидерите да ги определат во 21 функција идеалната сцена, сегашната сцена, што да се направи и кој ќе го направи тоа за да се ослободи тој/таа од организацијата. Во исто време претприемачот или лидерот ќе научи иновативни, динамични начини за успешна организација.
Време
Тренингот одзема еден ден од 10 до 18 часот.
Обуката/консалтинг сесијата одзема 2 до 3 дена.
Follow up сесијата ќе се договори однапред.
Место
Тренингот се прави во нашите деловни простории или во деловните простории на компанијата.
Обуката најчесто се прави во нашите деловни простории.
Изјави
„Со години јас не слушав туку само наредував! Сега јас ќе слушам! Тонската скала! Чудесна работа!“ – Генерален менаџер во трговска компанија
„Тренингот ми помогна да го разберам точниот начин за комуникација и менаџирање, ми покажа начини за интеракција со бизнис околината“ – Асистент на главен извршен директор во воздушна компанија
„Најважна работа која ја научив од тренингот беше тоа што како менаџери, за да се има слободно време да се реализираат идните цели, ние мора да предадеме одговорност и секогаш да добиваме одговор на нашите прашања“ – Главен извршен директор во инвестициска компанија
„Еден од повеќето семинари, за време на кој почувствував дека навистина имам потреба од него. Добив информации преку кои нема потреба да минувате одново, вие можетеедноставно да ги запомните. После овој семинар главните работи практично станаа дел од мене“ – Менаџер во продукциска компанија
„Семинарот ми помогна да ја видам почисто големата слика. Извонредна презентација наосновните менаџмент концепти, алатки и техники. Инспиративно!“ – Основач и сопственик во компанија за правни услуги.