Тренинг, обучување и советување во создавање на правила за работа, пишување на правила, комуницирање на правила имониторинг.
Дали вие:
Редовно користите строга дисциплина во вашиот тим?
Континуирано треба да ги повторувате правилата на игра?
Правите компромис со вашите цели?
Тогаш ова е за вас.
Индивидуална консултантска сесија со која ние ќе ви помогнеме да развиете, искомуницирате и да правите мониторинг на правила за работа како и да имплементирате позитивен и употреблив систем за дисциплина.
Резултат
Лидер кој знае што е правило за работа, може да започне да го пишува, комуницира како и да ја надгледува неговата примена.
Програма
Тренинготсе прави индивидуално.
Теми кои се опфатени
што е правило
како да се напише правило
како да се искомуницира правило
како да се надгледува правилото
како позитивно да се дисциплинира кога е потребно
Време
Тренинг сесијата варира во време од 4 до 16 часа.
Место
Тренинг сесијата се прави во нашите канцеларии.
Изјави
„Извонредна презентација! Мнгоу корисни информации со практична апликација без разлика во каков бизнис или компанија сте. Одлични техники беа презентирани кои со сигурност ќе ја оптимизираат и подобрат мојата работа“ – Менаџер за бизнис развој во трговски центар во Бугарија
„Ви благодарам за вашиот позитивен став и професионалност со кои ја правите вашата работа. Исто ви благодарам за трпението и вниманието за нашите потреби и прашања. Ова, кое ни го дадовте на тренингот ќе ни помогне да поправиме многу од нашите лоши пракси во нашата компанија“ – Менаџер во ИТ Софтвер компанија
„Јас ги зацврстив моите верувања дека е потребно постојано да се тренира тимот со цел да се зголеми ефикасноста“ – Менаџер во туристичка агенција