Тренинг, обука и советување за “ладни повици” и наоѓање на нови клиенти.
Дали вие:
Се плашите од јавување кај потенцијални клиенти?
Се плашите да контактирате луѓе?
Лесно излегувате од колосек кога сте пред луѓе?
Многу лесно емоционално реагирате врз луѓето?
Тогаш ова е за вас:
Тренинг и консалтинг сесија кои ќе ви помогнат да телефонирате и постојано да контактирате нови луѓе.
Резултат
Личност која има поголема сигурност да телефонира и да наоѓа нови потенцијални клиенти и поради тоа има подобри резултати.
Програма
Тренингот е отворен, но може да биде направен и само за вашата организација.
Теми кои се покриени:
Да се биде во сегашно време.
Да се конфронтираат луѓето.
Комуникација.
Како да се користат помош и контрола преку телефон за да се заинтересираат луѓето.
Како да се користат социјалните мрежи за да се привлечат контакт информации од потенцијалните клиенти.
Како да се разговара со непознати.
Како да се справат приговори на непознати.
И како да се користи специјален џокер со непознати.
Тренингот вклучува слушање на личноста преку телефон и вежбање со личноста за да се добијат подобри резултати.
Време
Тренингот одзема еден цел ден од 10ч. до 18ч.
Консалтинг сесијата варира од 1/2 до 2 дена.
Место
Отворениот тренинг се прави во нашата специјално за тоа хотелска сала.
Заеднички тренинг се прави по договор за локација.
Консалтинг сесијата се прави во простории на клиентот.
Изјави
“Семинарот беше многу корисен за мене, бидејќи научив многу корисни информации за мојата работа.Кога добивате искуство од други луѓе, успешни луѓе – тоа нема цена. Благодарам за споделеното искуство. Ова беше еден од најинтересните семинари на кои што некогаш сум бил.”- Менаџер за продажба на недвижнини
“ Семинарот беше многу интересен и корисен во подобрување на моите вештини со цел да придонесувам повеќе во новата компанија за која штотуку започнав да работам. Научив како да водам конверзација преку телефон со цел да постигнам високи резултати и да се забавувам додека го правам тоа.” – Менаџер за продажба во компанија за посредување во трговија
“Научив дека позитивната комуникација и верувањето во себе се навистина важни фактори. Ние ќе постигнеме резултати во иднина додека во исто време се забавуваме. Ви благодарам!” – Технички асистент во национална компанија за софтвер