Posts in декември
Идентификување на предизвиците и подобрување на слабостите во управувањето со човечките ресурси.
За унапредување на управувачките вештини на менаџерскиот тим и зајакнување на капацитетите на човечките ресурси од раководни позиции, во аудиториумот на болницата “Филип Втори“ беше организирана еднодневна обука. По завршувањето на настанот, д-р Жан Митрев, како директор на институцијата изрази задоволство од одржаниот семинар затоа што на овој начин се идентификуваат одредени предизвици, а при тоа се утврдуваат и правци за подобрување на слабостите или зајакнување на добрите форми кои веќе се практикуваат во управувањето со човечките ресурси. Консултанката Верица Мажевска од компанијата IDEAS Freeboss, www.ideas-freeboss.com, е задоволна од фидбекот на учесниците од еднодневното дружење, како и од одличната, пријателска атмосфера во болницата. При тоа искажa уверување за постигнување на резулати во управувањето со човечките ресурси преку примена на методите и техниките кои беа дискутирани за време на обуката.